Контактирај нè
Најчесто поставувани прашања
Деппеи има лиценци за управување со неопасен отпад и опасен отпад.
Опасен отпаде отпадот што по својот состав или концентрации на опасни супстанции може да предизвика опасност по животната средина животот и здравјето на луѓето и коишто имаат едно или повеќе опасни својства, како што се: експлозивност, реактивност (оксиданси), запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, токсичност за репродукција, екотоксичност и својства на испуштање отровни гасови при контакт со вода, воздух или киселина, утврдени во согласност со овој закон или друг пропис, а притоа во Листата на видовите отпад е наведен и посебно обележан како опасен отпад, вклучувајќи го и секој отпад што е измешан со опасен отпад;
Неопасен отпаде отпадот што не ги поседува карактеристиките на опасен отпад;
Комунален отпаде отпад што се создава од физички лица од домаќинставата (отпад од домаќинства) и комерцијалниот отпад. Отпадот од домаќинствата е отпадот кој секојдневно се собира од домаќинствата, како и посебно собраниот опасен отпад од домаќинствата, кабаст отпад, градинарски отпад и слично;
Комерцијален отпаде секој друг отпад создаден од правни и физички лица при вршење на комерцијални, индустриски, занаетчиски, услужни, административни и слични дејности, кој според својата природа или според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата;
Индустриски неопасен отпаде отпадот што се создава при производствените процеси во индустријата и не содржи опасни карактеристики, а според својствата, составот и количеството се разликува од комуналниот отпад;
- Се грижи за реализација и ја спроведува годишната програма на правните и на физичките лица
- Ја следи тековната состојба во управувањето со отпадот;
- Да преземе активности и мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад;
- Се грижи за спроведување и примена на постапките за постапување со отпад согласно
- Со овој закон или друг пропис , води евиденција и изготвува извештаи и ги спроведува обврските согласно со членот 39 на овој закон и прописите за управување со отпад;
- Изготвува извештаи за поголеми незгоди или хаварии кои можат да настанат при постапувањето со отпадот
- Ги информира раководните органи на правното и физичкото лица за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството , третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и предлага конкретни решенија е одговорен за правилното постапување со отпад;
- Го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и се отстранува и ја следи тековната состојба во управувањето со отпадот.